Стар, наглув, и полуслеп пес, чувал 3-годишно девојче кое одлутало во австралиската дивина. Сега херојов доби и соодветна титула – „почесен полициски пес“, пренесува BBC.
Девојчето по име Аурора одлутало во петокот од својот дом во Квинсленд, а со неа тргнал и нејзиниот 17-годишен стар пес Макс, кој останал со неа сé додека во саботата не ги пронашле роднините на едно брдо, околу 2 километри од дома.
Повиците на малата Аурора ги чула (верувале или не) нејзината баба Лајза Мари Бенет, и побрзала на врвот на ридот. Таму ја дочекал песот Макс, а потоа ја одвел до Аурора.
Како што велат од семејството, девојчето и кучето се сокриле под некоја карпа, и ја поминале ноќта на температура од -15 Целзиусови. Авантурата на Аурора завршила само со гребнатинки.
Во потрагата по девојчето учествувале повеќе од стотина луѓе. „Можам да замислам дека детето било преплашено и дека му било многу студено во текот на ноќта“, вели инспектор Крег Бери. „Верувајте, кучето ѝ било добро друштво и ја греел. Тоа е добар епилог на ситуацијата“.