Кинеската државна компанија Shanghai Spacecom Satellite Technology ги лансираше првите 18 сателити со намера да креира огромна орбитална мрежа и да стане ривал на „Старлинк“ на Илон Маск.
Како што објавија кинеските медиуми, првите ракети со сателити полетале од „Таијуан“ во покраината Шанси. Овие сателити се првиот чекор во напорите на компанијата да направи мрежа од 15 илјади сателити во ниската орбита на Земјата, што компанијата ја нарекува „соѕвездие од илјада јадра“. Се очекува мрежата да биде комплетирана до 2030 година.
Кинеските медиуми овој проект го нарекуваат кинеска верзија на „Старлинк“, кој засега има шест илјади сателити, а Илон Маск најави дека планира мрежата на крајот да има 42 илјад исателити.
Овој кинекси проект е еден од трите големи сателитски мрежи кои Кина планира да ги постави. Се очекува дека повеќето од сателитите ќе кружат околу Земјата на висина помаѓу 320 и 2000 километри, што е висината каде што се наоѓаат и сателитите на „Старлинк“.
Трите големи мрежи, заедно со десетиците амбициозни вселенски проекти на другите кинески фирми се инспирирани од напорите на централните власти да го вклучат приватниот сектор во своите научнотехнолошки цели.
Другите две мрежи се очекуваат да имаат уште 23 илјади сателити во орбитата. „Спејс сат“ планира да псотави 13 илјади сателити во рамките на својата мрежа „Гуованг“, а приватната компанија „Ландреј Хонгкинг“ планира мрежа „Ждрал 3“ со 10 илјади сателити.
Извор: РТС