Многу идни родители често се нетрпеливи и љубопитни да откријат дали ќе добијат момче или девојче.Погледнете како некогаш бабите го претскажувале ова прашање.
Ќе биде момче
– Ако женскиот стомак е испакнат нанапред „како краставица“.
– Ако брадавиците на идната мајка стануваат посветли.
– Ако отекува десната нога.
– Ако жената се разубави, процвета.
– Ако идната мајка јаде мрсно и кисело.
– Ако на мајката на стомакот и се појават влакненца.
– Ако на бремената жена постојано и е загушливо.
Ќе биде девојче
– Ако стомакот на жената е широк.
– Ако брадавиците потемнуваат.
– Ако на жената и се појават осипи и дамки.
– Ако во текот на бременоста, ја мачат утрински мачнини.
– Ако идната мајка сака да јаде слатко.
– Кожата и потемнела како после сончање ( иако се зимски месеци).
– Ако на трудницата и е постојано студено, а бременоста е на почетокот.
Покрај овие знаци постојат и бројни верувања кои, наводно, можат да откријат кој пол ќе бидете детето. Едно од тие верувања е одредување на полот на детето според прстен. Жената држи прстен поврзан со долг конец. Доколку прстенот се движи од лево кон десно, ќе биде момче, а доколку се врти во круг девојче.
Во продолжение еве едно и од најстарите предвидувања на полот.
Kинеска табела покажува како да се предвиди полот на бебето