Сите сакаме да сме млади со здрави, силни, свежи и со мазна кожа, но за жал времето ги остава своите траги врз нас. Старечките дамки се едни од првите знаци дека старееме. Но, можно ли е да се избориме со нив?
Што претставуваат и како изгледаат старечките дамки?
Староста обично оди рака под рака со голем број здравствени проблеми, но и некои козметички, меѓу кои се и старечките дамки. Тие се појавуваат обично по 40-годишната возраст, најчесто на лицето и рацете, поретко на вратот, рамената и други места по кожата.
Старечките дамки се вид на кожна пигментација. Се појавуваат како резултат на задржување на токсини. Старечките дамки претставуваат прекумерна акумулација на меланин во клетките на кожата. Обично се само во една тоналност (без нијанси) – сивкасти, кафеави или светло беж. Имаат правилни и јасни црти, а на допир се обични, без да се менува релјефот на кожата. Не ги мешајте старечките дамки со меланом (рак на кожата). Кај нив дамките се со нијанси а и со нејасни контури.
Флеки – отстранување и превенција
Отстранување на флеките е тешко, но не и невозможно. Има креми за избелување кои можат да ги осветлат дамките, како и процедури со интензивни светлосни импулси, со цел да го збунат натрупувањето на меланин. мезотерапија , хемискиот пилинг и криотерапија се исто така опции за отстранување на флеките. А за најпознатите ефикасни методи во борбата со нив се смета козметичката хирургија. Но, за да не прибегнува кон неа, подобро преземете превентивни мерки против појава на флеки.
Намалете ја изложеноста на сончева светлина. Прекумерното изложување на сонце во младоста може да има негативно влијание на кожата во постарите години. Сонцето е најголемиот виновник за забрзаната појава на нови и нови флеки по кожата. Затоа е важно да користите заштитен фактор не само на плажа под чадорот, туку и низ сите сончеви денови на годината (особено при сончево и снежно време во планината, каде што сонцето е особено силно).
Хидратирајте ја кожата секојдневно, а исто така користете и маски за лице, за нега на кожата.
Пијте многу вода, земајте повеќе антиоксиданси (особено бета-каротен, кој помага против ефектите врз кожата од сончевите зраци) и витамин Ц.