Кога ќе наидеме на некоја кул реставрација, како онаа со стариот вагон која ви ја прикажавме неодамна, веднаш сакаме да ви ја пренесеме и вам. Така, овој пат наидовме на неверојатна трансформација на стара црква, во нов и удобен дом.
Изгадена во 1970-та година во Нортамберленд, црквата Свети Николас со текот на годините се претворила во старо и напуштено место. Со оглед на тоа што дворот бил исполнет со неколку надгробни споменици, мистериозноста на ова место на многумина им ја будело љубопитноста.
Откако една двојка се заљубила во старата црква, одлучиле да ја купат и во целост да го реставрираат ова место. После промената и додавањето на неколку клучни елементи, инвестицијата на време и пари во целост се исплатела.
Иако живеењето во стара црква може да звучи лудо за многумина, сепак, оваа двојка успешно го претворила драматичниот и мрачен ентериер во топло и пријатно катче за живеење.