Стануваат во четири сабајле, поради бавен интернет

Луѓе стануваат рано за на работа или за да ги прошетаат кучињата, ама ова со жителите на едно гратче на северот на Велс е сосема друга приказна.

Аберерч има најбавен интернет во цела Велика Британија… Чекајте, рековме Британија? Не, гратчето Аберерч е меѓу тие со најбавен интернет во светот, послаб и од интернетот во алпинистичката база на Монт Еверест. Всушност, бавниот интернет му е најпрепознатливата „знаменитост“.

Поради бавната конекција, локалните стануваат во четири наутро, за да се обидат да се поврзат на мрежата и да ги обават редовните онлајн задолженија.

„Сите стануваме во четири наутро бидејќи тоа е единственото време кога успеваме да се поврземе. Тогаш ја обавуваме целата папирологија и работа“, вели Мајк Кирвин – организатор на музички фестивали, кој тврди дека работата наголемо му пати поради проблемот со интернетот.

„Се обидуваме да ја одржуваме нашата веб страна и да ги следиме букирањата, ама навистина ми е многу тешко што морам секој ден да одам до друг град, само за да се поврзам на интернет“, вели друг Велшанец, сопственик на авто-камп. „Со години се обидуваме да го решиме проблемот и апелираме до властите и телекомуникациските компании, ама не наидовме на разбирање“, додава тој.

- Реклама -