Астон Мартин ги прави најубавите автомобили на планетава. Што значи дека секој друг производ кој ќе биде означен со логото на Астон Мартин треба да исполни навистина високи очекувања. Но, овој телефон изгледа како да ќе ги исполни со многу малку напор.
Проѕирниот телефон е концепт од Мобиадо и дефинитвно има елемент на привлечност кој би можел да ги задоволи дури и најпребирливите вкусови. Но концептот не е само кул телефон на кој било залепено луксузно лого. Моделот CPT002 може да контролира голем број од функциите на автомобилот. Само со неговото носење во џебот автомобилот автоматски се отклучува кога ќе се приближите.
Штом почнете да возите телефонот може автоматски да прави фотографии преку камерите вградени во автомобилот и да ги поставува на социјалните мрежи. Во случај на несреќа при возење, акцелерометарот во телефонот ќе го мери вашето движење по што ќе ги корегира реакциите на воздушното перниче и затегнувањето на појасот.
И иако во моментов е само концепт, ова не е телефон кој никогаш нема да биде направен. Астон Мартин активно соработува со Мобиадо на неговото создавање. [Mobiado CPT002 Aston Martin Concept Phone]