Во Централен Лондон започнат е проект за создавање на стаклен базен, кој ќе поврзува две згради.
„Небесниот базен,“ што ќе биде изграден во станбениот комплекс Embassy Gardens, изгледа како на филм.
Базенот е дизајниран од Arup Associates за градежниот претприемач Ballymore, а истиот ќе се издигнува на 34 метри над земјата врз две 10-катни згради. Целта е нивните жители да можат да патуваат од едната до другата со пливање.
Зошто е потребен ваков проект?
Прво, затоа што изгледа одлично, и второ, затоа што не би било лошо во згради во кои становите чинат најмалку по 940 000 долари, да има транспарентен базен на покривот, според Elite Daily.
Засега се уште нема детали околу тоа кога ќе биде подготвен базенот.