Стадионите за ЕП2008 во Австрија и Швајцарија

wortherseestadion_klagenfurtpppИако Македонија не се квалификува за Европското фудбалско првенство,
сепак и во двете земји живеат доста Македонци, а со оглед дека се
релативно блиску до нас сигурно ќе има и љубители на фудбалот од
Македонија. Накратко да се запознаеме со зданијата кои овие две земји
ги нудат.


Иако Македонија не се квалификува за Европското фудбалско првенство, сепак и во двете земји живеат доста Македонци, а со оглед дека се релативно блиску до нас сигурно ќе има и љубители на фудбалот од Македонија. Накратко да се запознаеме со зданијата кои овие две земји ги нудат.

АВСТРИЈА

Worthersee stadion – Клагенфурт

Прекрасно здание. Стадионот е завршен оваа година. Освен фудбалски терен во склоп на стадионот се наоѓа шопинг центар и хотел.
Интересно е што кога ќе заврши првенството стадионот ќе се демонтира бидејќи е заклучено дека на градот не му треба толку голем стадион.

wortherseestadion_klagenfurt

Трошоци за обнова:40 милиони евра
Година на отворање:2004
Капацитет:30.757 седишта

Ernst Happel stadion – Виена
Еден од најдобрите стадиони во Европа и затоа ФИФА му има дадено 5 ѕвездички. Дом на австриската репрезантација кој по реконструкцијата и доградувањето може да собере повеќе од 50.000 фанови.

ernesthappel_viena

Трошоци за обнова:14,9 милиони евра
Капацитет:50.008 седишта

 
Wals Siezenheim stadion – Салцбург
Стадионот до 2003 имал само 18.000 седишта. Но, со обновата е проширен и сега може да собере преку 30.000 љубители на фудбалот.

walssiezenheimstadion_salzbur

Трошоци за обнова:59 милиони евра
Година на отворање:2003
Капацитет:30.020 седишта

Stadion Tivoli – Инсбрук
Стадионот е дом на фудбалскиот клуб Вакер Тирола, австриски прволигаш.

tivolii_innsbruck

Tрошоци за обнова:37 милиони евра
Година на отворање:2004
Капацитет:30.600 седишта

ШВАЈЦАРИЈА

St.Jakob Park – Базел
Изграден е во март 2003 и чинел повеќе од 220 милиони швајцарски франци. Има три ката и е поделен на четири трибини. На сопствениот паркинг може да се паркираат 680 автомобили. УЕФА му има доделено 4 ѕвездички, најмногу можни за стадион од ваков вид. Ова е домот на фудбалскиот клуб Базел.

stjakobpark_basel

Трошоци за обнова:149 милиони евра
Година на отворање:2001
Капацитет:30.132 седишта

Stade de Suisse – Берн
Втор по големина стадион во Швајцарија. Во стадионот е вложено скоро 350 милиони евра, а на покривот е монтиран соларен систем кој годишно произведува 700 илјади киловат часови електрична енергија.

stadedesuisse_bern

Трошоци за обнова:203милиони евра
Година на отворање:2004
Капацитет:40.228 седишта

Stade de Geneve – Женева
Стадионот е завршен 2003 година по три години градба. Дом е на швајцарската репрезентација. Лесно се стигнува со автобус или такси бидејќи е блиску до центарот на градот.

stadedegeneve

Трошоци за обнова:169 милиони евра
Година на отворање:2003
Капацитет:30.502 седишта

Letzigrund– Цирих
Дом на ФК Цирих и Грасхоперс. Еден од најмалите стадиони. Проширениот Лецигрунд е отворен пред само неколку месеци.

letzigrund_zurich

Трошоци за обнова:237 милиони евра
Година на отворање:2006
Капацитет:30.016 седишта

- Реклама -