Среќни во соба

Хотели во кои немате потреба да излегувате надвор од собата.

Самата глетка низ прозорецот во овие хотели е доволно фасцинантна.

Ова се хотелите ширум светот со најдобра глетка од внатрешноста на просторот. Тие го покажуваат целиот град, или барем најубавиот дел, при тоа во луксузен амбиент, збогатен со чаша шампањ.

Погледнете го Таџ Махал од прозорецот на собата во Oberoi Amarvilas. Најромантичниот хотел се наоѓа на само 600 метри од палатата.

1

Со 5-ѕвезди Shangri-La Hotel во Париз е идеално место од кое може да се види Ајфеловата кула низ прозорецот. Хотелот се наоѓа на околу 600 метри од кулата. Секоја соба во овој хотел има бања од мермер и плазма телевизор, интегриран во огледало. Некои соби имаат поглед кон Ајфеловата кула од кадата.

2

Mena House Hotel во Каиро се наоѓа само на 700 метри од Пирамидите. Навечер пирамидите се осветлени и глетката е импресивна. Во хотелот престојуваат бројни ѕвезди, претседатели на држави и други ВИП семејства.

3

Ако го преферирате градскиот пејзаж – останете во Ritz-Carlton. Може да се видат облакодерите на Сингапур од кадата.

4

Уште една глетка од Ritz-Carlton, Сингапур . Хотелот  има 608 соби.

5

Славниот мост Голден Гејт Бриџ се гледа од прозорецот на Cavallo Point Hotel во Сан Франциско. Хотелот се наоѓа во Националниот резерват Голден Гејт.

6

Тоа е претседателскиот апартман во F Our Seasons Hotel, Сиднеј , Австралија. Луксузниот хотел има 531 соби и се наоѓа во близина на 37 плажи.

7

Оваа глетка пак е од барот на The Strand, Њујорк . Од тука туристите можат да се восхитуваат на Empire State Building. Хотелот се наоѓа меѓу петтата и шестата авенија во Менхетн.

8

Ова е прекрасната глетка, со која можете да се разбудите во Hotel Salto Chico, во националниот парк Торес Дел Паин, Патагонија.

9

Во хотелот Anse Chastanet во Сент Луција имате чувство дека сте во рајот.

10

- Реклама -