Home Технологија Наука Среќата е искуството, а не материјалното

Среќата е искуството, а не материјалното

0
Повеќе...„Среќата со пари не се купува“ – сите ја знаеме оваа изрека, но дали е таа точна? Да видиме што велат резултатите од најновите испитувања.

„Среќата со пари не се купува“ – сите ја знаеме оваа изрека, но дали е таа точна? Да видиме што велат резултатите од најновите испитувања.

Резултатите од најновите истражувања покажаа дека задоволството на луѓето од нивните животни искуства (гледање филм, одење на одмор) има тендеција да стане уште поголемо. Додека пак, задоволството од гаџет како најновиот iPhone со време ќе згасне.

Од многу причини, резултатите покажуваат дека среќата е поголема кај човекот кога таа е поврзана со неговото животно искуство. Еве неколку од тие причини:

phoca_thumb_l_happines_copy_copy – Луѓето се наклонети кон тоа, додека го користат производот кој го купиле, да размислуваат за него и да имаат дилема дали го направиле најдобриот избор.
– Склони сме да размислуваме врз база на лично искуство, а помалку од туѓите искуства.
– Полесно е да се одлучиме за нешто што треба  да го доживееме, отколу за нешто материјално, кое треба да го купиме.
– Повеќе се вознемируваме кога ќе дознаеме дека некој направил подобра зделка, или дека постоела и подобра шанса – за материјални работи, а не толку многу кога се работи за нешто кое сме го искусиле.

Во дилема се става и самиот момент кога се купува нешто материјално: кога учесниците од едно испитување биле замолени да помислат на материјална работа (пр. музичко цд) и лично искуство (многу часови поминати со убава музика), позадоволни на крајот излегле оние кои го гледаа музичкото цд само како материјална работа.

Во друго испитување, 142 учесници беа замолени да помислат или на материјална работа или на лично доживување – што ги чинело најмалку 50 долари. Потоа одговараа на прашања: колку тешко беше да се направи одлуката, дали биле загрижени дека го направиле вистинскиот избор и колку биле среќни со тоа тогаш и денес.
Луѓето кои помислиле на материјална работа изјавиле дека се загрижени што ја купиле таа работа и дека се помалку задоволни од нивниот избор денеска – додека пак оние кои помислиле на лично доживување не почуствувале никаква дилема.
Третото испитување вклучи 164 учесници и беа прашани за хипотетичка ситуација: „како ќе се чуствувате ако сте купиле нешто, но подоцна дознаете дека постоел и многу подобар избор?“ Тие си замислија дека купуваат материјална работа: лаптоп, мп3 или фармерки; или пак како лично искуство: јадење во ресторан, гледање филм во кино или одење на одмор. Оние кои помислија на материјална работа беа повознемирени од можноста дека постоела и подобра шанса, додека пак другите покажаа многу помало каење.
И учесниците беа пољубоморни на ривалите ако тие направиле подобар избор кога се работи за материјална работа, отколку за лично доживување.

Заклучок: Материјалните работи носат поголема грижа и помала среќа, во споредба со личните доживувања.

Study: Happiness Is Experiences, Not Stuff

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here