На денешен ден 21 Март, роден е еден од најомилените светски фудбалери, Роналдо де Асис Мориера, попознат како Роналдињо. Херојот на Барса кој во 2005-тата ја освои „Златната топка“, а 2004 и 05-тата беше прогласуван за најдобар светски фудбалер, денес полни 36 години. Тој е на залезот на неговата кариера и игра во Флуминесе. Патот до својот сон го започна во Гремио 1998-та каде играше 3 сезони и од каде се пресели во Европа поточно во ПСЖ. Боите на парижаните ги бранеше до 2003-тата кога се пресели во Шпанија и го постигна врвот во својата кариера освојувајќи 2 Примери и 1 Лига на шампиони. Во 2008 отиде во Милан, со кој освои едно домашно првенство (2010-11). Во 2011 се врати во Бразил каде заигра за Фламенго, Атлетико Миниеро, Куертаро и Флуминесе.
Со Бразил го освои Светското првенство во Јапонија и Кореја во 2002-та.
Да се потсетиме на неговите магии!