Шесткратният шампион на НБА и најголемата кошаркарска легенда на сите времиња – Мајкл Џордан, денес го слави својот 53-ти роденден. Прекина да игра пред 13 години и е еден од двајцата поранешни спортисти, кои спаѓаат меѓу милијардерите во светот.
Следуваат неколку факти за летечкиот Џордан, кој денес е сопственик на НБА тимот на Шарлот Хорнетс.
1. Првиот договор што го потпиша со Nike беше за сума од 500.000 долари годишно. Потпишан е во мај 1985 година, а до крајот на истата година, компанијата реализира продажба од над 100 милиони долари.
2. Денес Џордан заработува околу 90 милиони долари годишно од неговата соработка со Nikе. Очекувањата се дека до 2020 година ќе почне да добива чек од 190-200 милиони.
3. Во 1984 година, Џордан се вљубува во голфот, додуша повеќе како хоби отколку професионално. Вториот спорт за Џордан, по кошарката, стана безболот. Во светот на кошарката, 6 октомври 1993 година е денот кога Џордан прв пат се откажува од НБА. Како официјална причина тој ја наведе потрагата по нов предизвик. Сепак, подоцна Ем-Џеј ќе признае дека убиството на неговиот татко, порано во текот на годината, имало голем удел во неговото откажување.
4. Во првиот натпревар по враќањето во март 1995 година, Чикаго се сретна со Индијана, а телевизискиот пренос имаше највисок рејтинг во последните 20 години.
5. Само десет дена по официјалното враќање, Ер-Џордан постигнува 55 поени против Њујорк во најпознатата сала во НБА – Медисон Сквер Гарден.
6. Првите три титули ги заработува во периодот од 1991 – 1993 година, а вторите три – од 1996 до 1998-ма. Токму во сезоната 95/96′, Чикаго го бележи неповторениот до моментов рекорд од 72 победи и само 10 порази во регуларната сезона.
7. Третото враќање на Џордан во НБА е во тимот на Вашингтон Визардс. Ѕвездата објавува дека ќе ја донира платата за настраданите од терористичките акти од 11 септември 2001 година.
8. Во последната сезона во лигата, на 40-годишна возраст, Џордан имаше просек од 20 поени по натпревар.
9. Џордан беше водечки стрелец во НБА цели 10 години.
10. Денес е сопственик на Шарлот, чиј удел, како и годишните приходи од Nike, го прават милијардер. Се проценува на точно 1 милијарда долари.