Среќата не е Ламборџини

Фино е да имаш Ламборџини, ама среќата и понатаму ја прават малите нешта. Доказ за тоа е, на пример, сликава.

Исто така, другата глупа ствар што ја откриваш кога ќе купиш Ламборџини е дека практично џабе си го купил (или купила), зашто мораш да возиш по правила и не можеш да го нагазиш како што си замислувал. Дури и да најдеш погодно место (некое мало парче прав автопат некаде уџум) – ќе трае кратко, ќе немаш друштво (од типот на други Ламборџини-ја), а плус е и опасно. А најболното – може и да те чини едно Ламборџини.

Е па, истиов тип од сликата погоре, овие работи ги осетил на своја кожа и решил да ги смени. Си купил Forza 3 за xBox, и после низа технолошки зафати што не се ни потрудивме да ги разбереме, го претворил своето Ламборџини практично во џојстик.

Сега дреме во гаража и се трка со други, го гази до даска, го вози на дожд, го крши, се тумба, ужива… Како што рековме, фино е да имаш Ламборџини, ама среќата е во други нешта.

 

Типчево можете да го следите на Инстаграм.

- Реклама -