Средства за чистење што не смеат да се комбинираат

При соочувањето со тврдокорни дамки во домот, интуицијата ни вели дека користењето на комбинација од неколку различни средства за чистење ни помага полесно да го решиме проблемот. Но, забораваме дека се работи за хемиски средства, а со хемија не треба да си играте ако не знаете што точно правите. Така, некои комбинации се далеку од препорачливи.

 

1. ДВЕ РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОДВОДОТ
Геловите за чистење на одводи содржат силни хемикалии кои најчесто ефикасно ги убиваат бактериите. Но во случај да не успеете да го отстраните непријатниот мирис или да го отпушите одводот, подобро е да повикате експерт, отколку да комбинирате два или повеќе производа со иста намена. Имено, овие препарати содржат моќни хемиски формули чие комбинирање може да резултира со две подеднакво страшни последици – првата се испарувања штетни по здравјето на домашните, другата е експлозија.

2. ХИДРОГЕН ПЕРОКСИД И АЛКОХОЛЕН ОЦЕТ
Комбинацијата на пероксид и оцет е честа во куќните препарати за дезинфекција на кујнските површини. Се работи за прилично безбедна комбинација, но експертите препорачуваат да не ги мешате во ист сад, бидејќи при нивниот спој се создава пероцетна киселина. Пероцетната киселина ги иритира кожата, очите, па дури и дишните патишта на оној што ќе се најде во близина.

3. БЕЛИЛО И АЛКОХОЛЕН ОЦЕТ
Теоретски, оваа комбинација се чини како моќен отстранувач на бактерии од домаќинството. Во пракса, таа создава гасовит хлор, кој во мали количини предизвикува кашлање, проблеми со дишењето и солзење на очите.

4. БЕЛИЛО И АМОНИЈАК
Амонијакот е често присутен во средставата за чистење стакло и прозори. Во комбинација со белило создава хлорамин. Овој гас има слични последици по телото како и гасовитиот хлор, со тоа што предизвикува и болка во прстите, покрај недостатокот на воздух во белите дробови.

5. БЕЛИЛО И МЕДИЦИНСКИ АЛКОХОЛ
Уште една комбинација со чие вдишување ризикувате тегоби во респираторниот систем. Експертите велат дека во принцип треба да се избегнува комбинирањето на белило со било какви други хемиски средства, освен со вода.

- Реклама -