Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој престојува во Тирана, остварил средба со албанскиот министер за внатрешни раборти Таулант Бала, со кого разговарале за случувањата во Албанија, Северна Македонија и Косово оценувајќи при тоа дека „Албанците во регионот никогаш не биле подобро и позастапени од денес“.
За средбата во објава на Фејсбук Бала наведува дека „секогаш е чест и задоволство да се разговара со лидерот на ДУИ Али Ахмети“.
-Секогаш ми е чест и задоволство да разговарам со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Албанците во регионот никогаш не биле подобри и позастапени од денес, напиша Бала.
Според медиумите на социјалните мрежи за средбата објава има и Ахмети.
-Албанците во регионот никогаш не биле подобро и мора да работиме заедно и да се погрижиме Тирана, Приштина и Скопје брзо и безбедно да се движат кон Европската унија, напишал Ахмети.