Среда, од 17-19 часот – ден за неверство!

Веројатно претпоставувате дека најмногу неверства се случуваат за време на викендот. Но, не е така. Најмногу од аферите се резервирани за средината на неделата.

Една контроверзна веб страна за варање партнери за афери, спроведе интересна студија во која учествувале 172.000 испитаници. Тие биле прашани кој ден и кое време најчесто изневеруваат. Резултатите велат дека среда е најпопуларниот ден за изневерување, особено периодот од 17 до 19 часот.

how_we_made_it_through_the_affair[1]

Овие резултатите се прилично изненадувачки, за разлика од оние што велат дека изневерувањето е се почеста појава, особено во браковите и долгите врски. Социолозите стравуваат дека се случува голема општествена промена во која изневерувањето, малку по малку, станува прифатливо однесување.

- Реклама -