Србинка продаде картон за јајца како кулер за лаптоп

Дека се е во маркетингот и добриот пристап кон купувачите, доказ е и оваа продажба на еден од популарните српски веб сајтови за интернет трговија. Имено, една корисничка продаде картон за јајца како кулер за лаптоп.

kartonjaja01_670x0[1]

Продавачката осмислила име, слоган и соодветен полу-сериозен текст во огласот за кулерот наречен ПЕЛЕНО. Еве како го опишала:

Поефтин нема
Еколошки – нема ама баш никакво штетно зрачење
Лесен, ќе уживате во користењето било да сте во фотелја, кревет или каде и да користите лап-топ
Економичен, не му е потребна никаква енергија, ниту пак зафаќа USB влез на лап-топот
Нема ништо што може да се расипе (освен ако не го полиете со огромна количина течност), а и да се расипе, ништо полесно од тоа да најдете нов
Одговара на сите големини на лаптоп, од 9 до 19 инчи

„Покрај сите набројани карактеристики, најважно е што ПЕЛЕНО кулерот е АПСОЛУТНО ЕФИКАСЕН! Ништо помалку од светлечките, гломазни, зујачки и останати кулери што се достапни на пазарот. Сите опишани предности на овој кулер се востановени преку долгогодишно искуство и користење. Се одлучив да се откажам од овој прв, колекционерски примерок во корист на победникот на лицитацијата“, се вели во необичниот оглас.

kartonjaja[1]

Иако целава работа личи на шега, продавачката доби дури 32 понуди. Првата била 199 динари (97 МКД), а продаден е за 1010 динари (494 денари).

Па ете, малку се посмеавме, а по нешто и научивме.

- Реклама -