„Срамота“, рекол капитенот на ракометниот клуб Вардар – Стојанче Стоилов, демонстративно напуштајќи ја церемонијата на доделување на наградите за „Спортист на годината“ во организација на Агенцијата за Млади и Спорт, револтиран од одлуката на организаторот манифестацијата за првпат да има двојазичен карактер, односно да се одвива и на албански.
Стоилов, кој лани беше избран за „Спортист на годината“, ја напуштил салата во моментот кога биле доделувани две награди за училишен и за средношколски спорт кои ги добија училишта од Чаир и од Тетово, а претставникот се обратил прво на албански.
видео: Екипа.мк
фото: Gol.mk