Ако сакате оброци на отворено тогаш едноставно мора да ја имате Springtime пикник корпата на дизајнерот Џериел Бобе.
Не само што оваа корпа го користи вашиот велосипед за едноставен транспорт до местото на вашиот пикник – од прибор до храна – туку таа и се трансформира во пикник маса за двајца. Ова е совршениот додаток за секој пикник, особено ако не сакате да седите на земја и да ризикувате вашата храна да биде прекриена со мравки.
А корпата е и доста интелигентно дизајнирана да функционира и како обична корпа ако немате велосипед – сè што треба да направите е да ги споите двете страни. Постои еден функционален прототип кој е доказ дека овој дизајн не е само концептуален сон.