Од престојната сезона судискиот спреј кој стана хит по светското првенство во Бразил, ќе се користи и во Премиер лигата.
Спрејот кој почна да се користи од натпреварувањата во Јужна Америка, својата вистинска промоција ја доживеа на светското првенство во Бразил.
УЕФА веќе одлучи дека спрејот ќе биде користен на натпреварите од Лигата на Шампионите и Лига Европа, а таква одлука донесоа и Серија А, Примера и Бундеслигата.
Од денес официјално и челниците на Премиер лигата соопштија дека од престојната сезона судиите ќе ја имаат помошта од спрејот при поставувањето на живиот ѕид и обележувањето на местото од каде што треба да се изведе слободниот удар.
„Во Премиер лигата сме отворени за новитети кои ќе влијаат позитивно на играта, гледајќи го светското првенство во Бразил беше јасно дека од спрејот корист имаат судиите, играчите и сите оние кои ги гледаат натпреварите” – изјави Ричард Скудмор, извршниот директор на Премиер лигата.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk.