Како да спречите некој непознат да седне до вас во автобус

Нова студија нуди помош за справување со „културата на социјална изолација на јавни места“ или поедноставно, како да спречите луѓе да седнуваат до вас во авион, автобус или воз.


Естер Ким од Јејл Универзитетот поминал три години патувајќи илјадници километри со автобуските системи во САД за да ги собере своите забелешки. „Јас станав искусен патник и ги запишував различните методи кои луѓето ги користат за избегнување на несакано друштво.“

„Користиме различно однесување за да ги избегнеме другите, се преправаме дека имаме работа, си играме со телефоните, бараме нешто во нашите торби или заспиваме. Некогаш дури користиме и ,не ми пречи-лице’ познато како ,поглед на омраза’.“

Некои од овие совети за избегнување на другите патници се одредени од физички ставови, како на пример избегнување на директен контакт со очите, гледајќи низ прозорецот или глумење сон. Други патници пак се поотворено антисоцијални, како поставување на торбата на седиштетот до нив, слушајќи музика а некои дури и лажат и кажуваат дека го чуваат седиштето за пријател.

Ким ја опишува речиси универзално прифатената вистина која никој не ја спомнува: играта шах која патниците ја играат во која стратешки се поставуваат во положби кои ја максимизираат удобноста и ги минимизираат шансите за патување со непознат човек. А кога авионот или автобусот е полн, тогаш приоритетот станува избегнување на некој што изгледа „чудно“.

Интересно за Ким било и откритието дека класата, полот и расата не одредуваат кој каде седнува. „Мотивацијата за ова чудно однесување е фактот што на патникот му е важна личната удобност а не потеклото на оние околу него.“ Но тоа не значи дека не постои дискриминација кај одредени луѓе. „Еден патник ми рече дека најважно е ,да се издржи патувањето’ и да избегнувам седење до дебели луѓе кои се потат и најверојатно ќе мирисаат.“ [How to keep strangers from sitting next to you: study]

- Реклама -