Според предвидувањата на Распутин светот треба да заврши денеска

Многу Руси  се потсетија деновиве на предвидувањата  на Распутин дека крајот на светот ќе се случи на 23 август 2013 година, пренесува „Комсомолскаја правда”. Најблискиот мистик  до руското императорско семејство, кој беше убиен во 1916 година, напишал уште пред еден век, дека на тој датум ќе се случи „ужасна бура”.

„Оган ќе се распламне, а потоа животот ќе умре, и ќе настане мртва тишина”, претскажал тој.

Григориј Распутин (1869-1916) бил руски монах. Тој е роден е во село Покровско, Сибир. Познат е и како „лудиот монах“, но имал големо влијание во руската империја, најмногу затоа што  успеал да го излечи престолонаследникот Алексеј Николајевич Романов, кој страдал од хемофилија. На почетокот од војната рекол дека Русија ќе биде успешна само ако императорот сам ја предводи својата армија кон походите.

Romanovi

Kога царот Николај Втори заминал на фронтот, влијанието на Распутин над царицата Александра станало уште поголемо. Тој станал нејзин довереник и советник. Јавноста силно го критикувала дворот поради неговото влијание.  Бил отруен, а кога паднал на земјата во него биле испукани пет куршуми за да биде „осигурена“ неговата смрт.

- Реклама -