Во 1922 година, ексцентричниот публицист и иноватор, Хуго Гернсбак, објавил дека на светот му е потребен споменик за електричната струја, висок 300 метри.
Гернсбак го замислил овој споменик како градба која ќе биде направена толку добро што ќе остане издигната илјадници години, а внатрешноста, наместо да биде статична, постојано ќе се менува, за да го држи чекорот со најновите технолошки достигнувања.
Во октомвриското издание на списанието „Наука и иновации“ од 1922 година, Хуго Гернсбак објаснува зошто електричната струја заслужува споменик. Во неговиот текст се испраќа и порака до идните генерации, дека дури и во случај на природна катастрофа што ќе ја уназади цивилизацијата со векови, човештвото еден ден повторно ќе може да направи грандиозни нешта.
Според овој иноватор, доколку старите Египќани не изграделе грандиозни нешта, нивната цивилизација немало да може да го издржи налетот на другите луѓе, но уште поважно – забот на времето којшто е безмилосен. Со тоа, Гернсбак ја оправдал предложената големина на својот споменик. Текстот не наведува локација каде што би се подигнал овој споменик, но според илустрацијата, се работи за некое мало градче во САД, кое секако би имало корист од туристите. [The Monument to Electricity That Never Was]