Шпионско колибри (видео)

колибриОна што на прв поглед изгледа како детска играчка е всушност шпионско летало вредно четири милиони долари наречено „Нано-Колибри“. Минијатурното „авионче“ било развивано пет години за потребите на американската војска. Леталото може да се движи во сите три оски.

Производителите, AeroVironment, велат дека овој рачно направен прототип има распон на крилата од 16 сантиметри и вкупна тежина во лет од само 19 грама. Во таа тежина се пресметани сите системи кои се потребни за лет: батерии, мотори, систем за комуникација и видео камера.

{youtube}96WePgcg37I{/youtube}

- Реклама -