Спермата на нејзиниот бивш може да влијае на вашето бебе?

„Еј, драга, нашето бебе баш личи на оној твојот што го откачи пред 10 години“.

Ова не е мисла што било кој новопочен татко би ја помислил (затоа што звучи премногу невозможна), а уште помалку би ја изустил, особено не со драго срце. Можеби токму тоа е причината што толку се молчи за влијанието што минатото може да го има врз нашето семејство, иако дел од научниците сметаат дека тоа е нешто што постојано се случува.

Имено, некои молекули во семената течност на мажот можат да влијаат на јајниковите клетки на младите жени. Овие молекули можат да остават трага, па ако жената во иднина затрудни, од друг маж, некои од особините на поранешниот партнер можат да се одразат на потомството.

babiesdna

Оваа идеја не е нова. Позната е како телегонија, а потекнува уште од Аристотел. Била актуелна се до почетокот на 20-от век, кога со развојот на науката, учењето дека претходните партнери оставаат трага на идното потомство било отфрлено (или поточно, напуштено) како научно неосновано.

Но, модерната наука има потенцијал повторно да ја популаризира теоријата. Научниците од универзитетот во Јужен Велс спроведоа истражување врз една врста муви, во кое се покажа дека без обзир на тоа кој мажјак ја оплодил женката, големината на потомството зависи од мажјаците со кои женката се парела додека била во развој. Сеуште не се знае со сигурност дали истото се случува и кај другите видови, но ова откритие дефинитивно отвара еден куп прашања.

1412181543668_wps_49_semensecrets_jpg[1]

- Реклама -