Спектакуларен гол на Јиранек (видео)

Рускиот фудбал од година на година е сѐ поатрактивен со голем број ѕвезди во редовите на најдобрите клубови. А, со самото тоа неизбежни се и зачестените спектакуларни сцени од зелените терени.

Последната таква е феноменалната „бомба“ на Мартин Јиранек кој постигна евро гол од 45 метри. Јиранек на дуелот на неговиот Терек во тие моменти донесе израмнување на гостувањето против Кубањ во Краснодар, но сепак на крајот домаќините славеа со 2:1.

{youtube}MrZ5-EtTEog{/youtube}

- Реклама -