Се наоѓаме непосредно пред стартот на новата сезона во фудбалска Европа. Нормално, секој од вас сака да го гледа секој натпревар на својот омилен тим, но не е во можност од неколку причини. Но, отсега, ќе може!
Се наоѓаме непосредно пред стартот на новата сезона во фудбалска
Европа. Нормално, секој од вас сака да го гледа секој натпревар на
својот омилен тим, но не е во можност од неколку причини. Но, отсега,
ќе може!
Ако нанвивате за некој од најголемите клубови во Европа (Арсенал, Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул, Барселона, Реал Мадрид, Милан, Јувентус, Интер, Баерн Минхен), ќе имате шанса да гледате најголем дел од нивните натпревари на телевизиите во Македонија, но никогаш сите. Што од пристрастноста на спортските редакции, што од нискиот комерцијален ефект од натпреварите со послабите екипи, голем дел од мечевите ќе ви останат недостапни.
Но, станува и полошо. Ако сте навивач на Евертон (тим кој речиси секоја сезона завршува веднаш зад „големата четворка“ и е меѓу најконзистентните тимови) или пак на Њукасл (кој штотуку испадна од Премиер лигата), тогаш шансите се дека ќе ги гледате само натпреварите во кои вашиот тим ќе игра против некој повисоко рангиран или пак ниту еден (во случајот со Њукасл).
Решението на вашиот проблем се наоѓа, како и секогаш, на интернет. Сè што ви е потребно е добра конекција (која во денешно време ја имаат речиси сите) и околу 200-300 мегабајти сообраќај по натпревар. Потоа одите на овој или овој сајт, од менито го наоѓате натпреварот кој ве интересира и потем се сместувате пред вашиот компјутер во следните два часа.
Напомена: Некои од понудените извори за гледање ќе ви бараат дополнителен софтвер (како Sopcast, Veetle или TV Ants) но најголемиот дел од нив функционираат без дополнителни инсталации (потребен ви е само Media Player кој доаѓа интегриран со секоја верзија од Windows).
Уживајте во новата сезона и со среќа!