Спасовски: Сега е моментот полицијата и институциите максимално да се посветат на почитување на мерките од страна на граѓаните

Сега кога нема полициски час е вистинскиот момент кога сите институции, а посебно полицијата, треба превентивно да работат со граѓаните и да им укажуваат на важноста на почитувањето на мерките, апелира премиерот Оливер Спасовски преку Фејсбук, повторувајќи ги пораките од вчерашната прес-конференција. Во постот, Спасовски уште еднаш изрази благодарност до Комисијата за заразни болести.

„Благодарност до претседателот и членовите на Комисијата за заразни болести за пожртвуваноста, за посветеноста во работењето и за одличните препораки за носење на одлуки коишто дадоа соодветни резултати.

Благодарност и до лекарите, медицинскиот персонал и сите оние коишто и ден денеска во првата борбена линија се вложуваат пожртвувано за да се избориме со коронавирусот КОВИД-19, а тоа се полицијата, армијата, медиумите и медиумските работници.

Прочитајте и:  Мицкоски до Спасовски: Привилегија е професионалец како Божиновска да биде во владата, таа е поголема Македонка од сите вас заедно

Сега е моментот кога го немаме полицискиот час, сите институции, посебно полицијата, максимално да се посвети на употребата на носењето на заштитна опрема, да работат превентивно, да укажуваат на граѓаните, да ги замолат навистина да ги почитуваат мерките и таму кадешто е потребно да пишат соодветни казни, да постапуваат секојдневно и на тој начин да постигнеме максимална посветеност на заштитните мерки“, порача Спасовски.

- Реклама -