Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, објави „Фокус“.
Информацијата ја потврдиле и од МВР. Оттаму велат дека Спасовски е хоспитализиран поради тоа што имал висока температура, но дека состојбата сега му е стабилна.
Хоспитализацијата на Спасовски доаѓа два дена откако министерот, на Фејсбук, соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и дека има благи симптоми.