Спас од најавените горештини – во Сабота се отвара Базен Аеродром!

Забава, рекреација, вкусна храна и страсно навивање на утакмиците од Светското првенство во Бразил, се содржините кои ќе бидат понудени на посетителите оваа година на базенот Аеродром. Летната сезона во главниот град со високи температури е започната, а со тоа и потребата од разладување покрај жешкиот скопски асфалт. Токму затоа, оваа Сабота со работа започнува Базен Аеродром, најголемиот отворен базен во Република Македонија.

Менаџментот на базенот, за летото 2014 најавува новитети, кои покрај водените лудории како незаменлив аспект на работењето на базенот ќе им понудат на посетителите дополнителна забава во склоп на објектот. Од оваа сезона, во комплексот на Базен Аеродром ќе биде отворен ресторан со најразлични специјалитети, а ќе бидат отворени и дополнителни барови за посетителите.
Она што е најзначајно за љубителите на спортот, е ново организираниот спортски корнер наменет за следење на фудбалските натпревари од Светското првенство во Бразил.
Јавноста ќе биде дополнително известена за сите забавни содржини кои се планирани за летните месеци.

zadna bazen predna bazen

- Реклама -