СП во Катар ќе се памети и по – најмалку голчишта! (ФОТО)

Светското првенство во Катар по многу работи се запиша во историјата, а една од тие по кои ќе се памети е (пре)малиот број на атрактивни голови надвор од шеснаесетникот.

Никогаш досега во историјата немало толку мал процент на погодоци надвор од преку 16 метри, па на четири меча до крајот (две полуфиналиња, меч за трето место и финале), процентот на вакви голчишта е само – 7,7 отсто.

Односно постигнати се само 12 гола од надвор од шеснаесетникот, последен на Орелиен Чуамени вчеравечер против Англија во победата на светскиот првак Франција со 2-1 за шесто полуфинале. Досега се постигнати 158 гола на 60 меча или во просек 2,6 по меч.

- Реклама -