Уште кога Катар ја доби организацијата на мундијалот во 2022 започнаа дебати за терминот кога ќе се играат натпреварите.
Во летниот период, кога вообичаено се одржуваат Светските Првенства, температурите во Катар се искачуваат и до 50 степени, па постојат стравувања за здравјето на фудбалерите и фановите.
Се погласно се говори за поместување на терминот на одигрување на СП 2022, а генералниот секретар на ФИФА, Жером Валк признава дека се поизвесно е дека мундијалот во Катар ќе се игра во ноември и декември, или јануари 2023.
Зборувајќи за Radio France, тој рече: „Датумите за Светското Првенство во Катар нема да бидат јуни и јули”.
„Да бидам искрен, мислам дека мундијалот ќе биде одржан помеѓу 15 ноември и 15 јануари, најдоцна”.
„Доколку се игра помеѓу 15 ноември и крајот на декември, во тој период временските услови се најдобри, ќе можете да играте на температури еднакви на најтоплите пролетни денови во Европа, со просечни 25 степени”.
„Тоа се перфектни услови за играње фудбал”.
Се очекува конечна одлука за термините за СП 2022 да биде донесена во декември кога ќе се сретне извршениот комитет на ФИФА.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.mk