СП 2014: Финале ГЕРМАНИЈА – АРГЕНТИНА

Откако завчера Германија историски го совлада Бразил, вчера фудбалерите на Аргентина ја совладаа Холандија на пенали на полуфиналето во Сао Паоло.

И двете репрезентации не се даваа, оставајќи го резултатот 0:0 до самите пенали.

Тука Аргентинците се изборија за влез во финалето со резултат 4:2.

Финалето ќе се случува во недела, додека во сабота Холандија и Бразил ќе се борат за третото место.

Кој има поголеми шанси?

Обложувалницте во светот и даваат поголеми шанси на Германија, со оглед на тоа што  Аргентина преку пенали  стигна до финалето, за разлика од феноменалната победа на Германија над домаќинот.

Германија во финалето влегува со коефициент 2,30 за победа, додека Аргентина котира со 3,30 за победа во регуларниот дел.

Дали ќе биде така, останува да видиме овој спортски викенд.

- Реклама -