Истражувачите од Државниот Универзитет од Северна Каролина развиле меморија која е мека и функционира одлично во влажни средини – со што овозможиле создавање на нова генерација биокомпатибилни електронски направи.
„Создадовме меморија која има физички особини на желе“ изјавил доктор Мајкл Дики, асистент по хемиски и биомолекуларен инженеринг од универзитетот. Конвенционалните електронски делови се направени од цврсти, кршливи материјали и не функционираат во влажни средини. Дики додал: „Нашата меморија е мека, лесно се витка, и функционира екстремно добро во влажни средини – слични на човечкиот мозок.“
Прототипот на направата сè уште не бил оптимизиран за да собира значајни количини на податоци, но функционира добро во средини кои би биле штетни за традиционалните електронски направи. Меморијата е направена со помош на течна легура од металите галиум и индиум ставени во гел базиран на вода, сличен на гелот кој се користи во биолошки истражувања.
Способноста на меморијата да функционира во влажни средини, и биокомпатибилноста на гелот, значи дека оваа технологија ветува многу за интерфејс на електронски направи со биолошки системи – како клетки, ензими или ткива. „Овие особини можат да бидат искористени за биолошки сензори или за медицински набљудувања“ изјавил Дики.
Индивидуалните компоненти на меката меморија имаат две состојби: една која спроведува електрицитет и една која не спроведува. Овие две состојби можат да бидат употребени за претставување на ,1’ и ,0’ од бинарниот код. Повеќето конвенционални електронски направи користат електрони за создавање на 1 и 0 во компјутерските чипови. Меката меморија користи налектризирани молекули наречени јони за постигнување на истата цел.
Во секое коло на меморијата, металната легура е електродата на колото и се наоѓа на секоја страна од спроводливиот гел. Кога електродата е изложена на позитивно полнење таа создава оксидизирана кожа која ја прави отпорна на електрицитет. Ова е нулата. Кога електродата е изложена на негативно полнење, оксидизираната кожа исчезнува, и таа спроводува електрицитет. Ова е единицата.
Нормално, секој пат кога негативно полнење е спроведено во едната страна на електродата, позитивното полнење се поместува во другата и создава уште една оксидизирана кожа – што значи дека електродата секогаш ќе има отпор. За да го решат тој пробле, истражувачите направиле „допинг“ на едната страна од гелот со слој од полимер кој спречува формирање на стабилна оксидизирана кожа. Така една електрода секогаш спроведува – со што направата добива 1 и 0 кои се потребни за електронска меморија. [Soft memory device opens doors to new biocompatible electronics]