Совршено уредени 29 квадратни метри

Овој мал стан е со површина од само 29 квадратни метри. Тој вклучува спална, дневна и кујна и бања со тоалет.

За да се справи со недостигот на простор, сопственикот  користел многу интелигентни и генијални дизајн решенија.

Внатрешниот дизајн е типично скандинавски, со многу бели елементи, дрвени подови и минималистички мебел.

Дневната е и спална соба, а  креветот се крие зад бел панел.

Ѕидното биро до прозорецот се претвора во ноќно шкафче во текот на вечерта.

Големите лизгачки врати кријат доволно простор за складирање и  заедно со креветот формираат континуирана единица на бел мебел.

 

Белиот кауч и масата  формираат катче за одмор, кој што  лесно се претвора во простор за јадење.

Полицата за книги се користи како шкафче за телевизор. Кујната е мала, но со многу карактер.

 

Длабоко пурпурните ѕидови, отворените полици и сјајни бели кабинети, во комбинација со ламинатната површина изгледаат одлично заедно. Недостатокот на простор не создава  негативни ефекти врз бањата.

Тоалетот е во црно и бело, со шаховски под,  огледало, лизгачка врата и туш кабина.

Прочитај повеќе: Смарт мебел за мали станчиња (видео)

- Реклама -