Иако на нејзините турнеи секогаш изгледа блескаво и неодоливо и нејзиниот раскошен и гламурозен стил е секогаш присутен, како на сцената така и на филмските платна, сепак, Џенифер Лопез покажа дека изгледа беспрекорно и во приватниот живот.
Атрактивната латино Американка гостуваше во популарната емисијата на Џими Кимел со цел да го презентира нејзиниот најнов филм, а воедно откри и мал дел од мајчинските обврски.
Ѕвездата зачекори во студиото облечена во припиен краток фустан со боја на кожа кој успеа да го доведе до израз нејзиното заоблено тело. Затвореното деколте и долгите ракави ги ставија во прв план нејзините затегнати, долги и витки нозе.
Иако седењето во кратки фустанчиња за многу девојки претставува проблем, 43 годишната Џеј Ло го изведува тоа со неверојатна леснотија и опуштеност бидејќи нејзините цврсти нозе се буквално недопрени од целулит.
Во која поза и да застане, ѕвездата изгледа совршено.