Редовното чистење на кожата, лесниот пилинг, избегнувањето на мрсни креми и лосиони може да го направи овој дел од телото, блескав.
Маиците и фустаните со отворен грб се омилено женско парче во текот на летото, но бројни жени се чувствуваат несигурно да ги носат, особено оние кои имаат проблем со акните на грбот.
За среќа, постојат решенија. Дерматолозите откриваат пет најчести причинители на оваа непријатна појава и советуваат како засекогаш да се решиме од нив.
1. Прозиводи кои ги затвораат порите
Мрсното млеко за тело, маслото за масажа и кремата за сончање можат да го поттикнат настанувањето на акни на грбот.
Решение: Против сончевите зраци користете крема од структура која не е премногу мрсна. На лето користете лосион наместо крема за тело бидејќи содржи помалку масло, а сосема доволно за да ја хидрира кожата. Доколку сакате да одите на масажа, замолете ја масерката за време на третманот да користи лосион или гел.
2. Облека што ја иритира кожата
Овој совет особено се однесува на облеката во која што вежбате. Доколку тренирате во синтетички материјали, поголема е веројатноста за појава на акни, поради отежнатото регулирање на топлината на телото.
3. Генетска склоност
Доколку кожата е склона на акни, кај повеќе членови на вашето семејство, немојте да се изненадите ако добиете и вие.
Решение: Користете средство за туширање кое што содржи бензил – пероксид (читајте го составот на производите).
4. Исхрана
Она што е добро за срцето, добро е и за кожата, што значи дека би требало да избегнувате брза и нездрава храна.
Решение: Нека биде вашата исхрана врамнотежена, богата со овошје и зеленчук. Пијте доволно вода, бидејќи таа е важна за здравјето и блескавоста на кожата.
5. Направете пилинг
За да ги спречите акните на грбот, морате редовно да ја негувате кожата, како на лицето.
Решение: Два до три пати седмично направете пилинг на целиот грб со морска сол. Кожата после тоа ќе биде многу мека и лесна. Не заборавајте да обрнете внимание на тоа дека сите препарати кои ги нанесувате на грбот, мораат да бидат прилагодени за мешана кожа.