Пиењето и патувањето никогаш не биле баш најкомпатибилни: алкохолот има негативно влијание врз одење, возење а дури и носењето на шишиња алкохол наоколу не е баш лесно.
Gin & Luck се надева да го промени тоа со нивниот нов ранец, дизајниран специјално за љубителите на коктели. Очигледно инспириран од воена мода, овој ранец е направен од тешко платно, кожа и метал обложен со никел, а ранецот е дури и водоотпорен. Главната преграда е исто така доволно голема за 15 инчен лаптоп.
Но вистинската привлечност се двата странични џебови кои се специфично дизајнирани со отвор на врвот и се совршена големина за по едно шише алкохол, вино, шампањ, или што друго и да ви текне. Ранецот е опремен и со сет за правење коктели и шејкер, па секогаш ќе можете да подготвите пијалак.
Ранецот со сетот за коктели чини доста високи 400 долари. Единствен проблем е што поради неговата примарна функција не би било чудно и ако го заборавите некаде.