Совети за СМС флертување

СМС Во светот од неодамна постои една изрека која вели дека праќањето СМС е новото јавување. А, кога станува збор за романтичните двобои, тоа е новото бојно поле. Во продолжение, следат 10 совети за ефективно смс флертување.


Во светот од неодамна постои една изрека која вели дека праќањето СМС е
новото јавување. А, кога станува збор за романтичните двобои, тоа е
новото бојно поле. Во продолжение, следат 10 совети за ефективно смс
флертување.

СМС1. Кога на некој што ви се допаѓа ќе му го дадете својот број, направете го тоа со зборовите – пиши ми. Јавувањето од прва знае да биде незгодно.

2. Не праќајте порака со еден или два збора со кои ќе кажете здраво. Дури и доколку е тоа причината поради која пишувате, додајте и нешто што може да отвори дискусија.

3. Кога некој ќе ви прати смс, вратете во период од 24 часа. Сè повеќе од тоа ќе испрати порака – не ми се допаѓаш толку многу.

4. Не испраќајте порака на „погрешно“ место со предизвикувачка содржина. Речиси сите ќе ви ја пробијат намерата.

5. Поканете некој што ви се допаѓа да излезете преку смс. Нека биде тоа нешто неформално, како „Не знам за тебе, ама јас мислам оти ќе огладнам после работа во вторник“.

6. Понекогаш користете го и гласот. Ако некој ви се јави, а вие вратите само со смс, тоа може да биде протолкувано како недоволен интерес.

7. Не претерувајте со кратенки од типот на lol, roflmao, btw, wtf и сл. Таквите пораки зачувајте ги за некој што го знаете цел живот и кој нема да ви се налути доколку претерате.

8. Не праќајте „безобразна“ порака пред да стапите во врска. Доколку никогаш не го сторите тоа, оној што ќе ја добие пораката, може да ја прикаже на многу од своите пријатели и колеги, кога ќе нема што да се прави.

9. Не праќајте пораки на бившите. Ова е особено важно да се запомни во моментите кога се чувствувате осамено или ранливо.

10. Напишете неколку збора со кои ќе се заблагодарите за тукушто завршеното излегување, дури и ако не било ништо особено – тоа е културно. А, ако имало искри, тогаш дефинитиво пратете таква порака, колку да му го потврдите тоа и на „непријателот“ на љубовното поле.

- Реклама -