Совети за максимален ефект при вежбање на телото

Поминувате многу време вежбајќи ги вашите мукули, но и по подолг период немате ефект! Тоа е условено од повеќе фактори, како се друго во животот. Гените, метаболизмот, исхраната и правилното изведување на вежбите ја комплетираат целината за постигнување на ефект од вежбањето.

Гените имаат голема улога, но нив ќе ги оставиме на страна, поради тоа што неможеме да влијаеме на нив. Но доколку ја анализирате градбата на вашите блиски (може да има исклучоци тука), ќе добиете многу одговори и насоки. Некои луѓе едноставно многу лесно го градат мускулот, додека некои пак ќе им треба дупло повеќе напор за да постигнат ефект.
006

Метаболизамот е еден од клучните фактори. Доколку сте помлади од 30 години, би требало вашиот метаболизам да е забрзан. Со текот на годините тој ќе се успорува и поспоро ќе го обработува тоа што го внесувате во вашиот организам. Ова најмногу се забележува кај женскиот пол после 30-тата година. Но доколку сте млади и се обидувате да ја намалите вашата тежина со вежбање, најпрво на што треба да обрнете внимание е метаболизмот. Би требало да спроведете исхрана која ќе го забрза метаболизмот. Оваа исхрана опфаќа внесување на многу течности и одреден тип на продукти. За лицата кои веќе се постари од 30 години (и овде има исклучоци) покрај горенаведеното би требало да се откажат од одредена храна. Но сепак забрзувањето на метаболизмот е тесно поврзан со редовното вежбање.
05-wd1009-MaureenAlbrecht-2

Правилната исхрана наметнува хемиски промени во телото и е неизбежен дел од успехот. Неможе да очекувате големи промени доколку не обрнете внимание на тоа што внесувате во организмот. Во зависност каков ефект сакате да постигнете, ќе мора добро да се информирате за правилната диета. Под “диета” не се подразбира познатото народно толкување, туку тоа е здрава исхрана која сугерира дисциплинирано и искалкулирано внесување на одредени хранливи групи кои ќе ви овозможат да го постигнете тоа што го сакате. Фудбалерите, атлетичарите, бодибилдерите и сите други слични професии, имаат различни типови на диета.
Sports-diet-Pyramid-www.sportsnitro.com_

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Секој професионалец најпрво ќе ви напомене дека морате правилно да ги изведувате вежбите. Тоа е така за да се избегнат повредите и да се извлече максимум од тоа што го вежбате. Секоја одредена вежба изолира конкретни мускули, на кои се фокусирате додека ја работите вежбата. Тежината исто така е многу важна. Процесот на зголемување на мускулот е всушност кинење на мал дел од мускулните влакна и нивно заздравување. За ова мора да се употребат поголеми тежини при вежбањето и редовно да се одмараат мускулите (период во кој заздравуваат мускулните влакна). Од друга страна доколку сакате да постигнете мускулна дефиниција, треба да вежбате многу повеќе со помала тежина. Целта е да ги стопите масните наслаги.
muscle_structure

Овие совети ќе ви дадат една груба перцепција за тоа како да постигнете подобри резултати при вежбањето. Доколку се решите да започнете правилно да вежбате ќе мора да се информирате многу повеќе од ова што ви го преставивме. Стручната литература која е достапна на интернет или видео советот од некој познат спортист може многу да ви помогне. Да не ги заборавиме и нашите професионалци кои секогаш се спремни да ви помогнат и објаснат како да постигнете подобри резултати.

Автор: Владимир Бужаровски

- Реклама -