Совети за чистење на ѕидовите во домот

При темелно чистење на домот, честопати се занемарува можеби најголемата површина од сите останати – ѕидовите.

Без разлика во каква боја е бојадисан, по неколку години, кој било ѕид ќе добие сиви нијанси, а ако во куќата има и чад, тогаш тука се и жолтеникавите тонови. Наместо да се купува нова боја и сета опрема за варосување, советот гласи: За освежување на просторијата, обидете се прво да го исчистите ѕидот, пишува „Сан“ (The Sun).

Подготовка пред „генералката“: Во сад се меша вода, сода-бикарбона и поголема количина средство за дезинфекција. Потоа, валјакот за бојадисување ѕид се натопува во течноста и се распоредува по целата површина. Доколку е потребно, се повторува таа постапка.

Така, ѕидовите ќе изгледаат „како нови“, а и ќе мирисаат одлично, нагласува „тиктокерката“ која се потпишува како „Тања хоуминспо“. Уште повеќе, вака, вели таа, речиси сигурно се отстрануваат и дамките од боиците и фломастерите на Вашите деца.

- Реклама -