Ако зимата оставила траги на вашиот фикус и забележувате дека долните лисја му опаѓаат, време е да го подмадите.
Како што растат и стареат, голем дел од собните цвеќиња ги губат долните лисја и оголеното стебло не изгледа особено убаво.
Цвеќарите советуваат дека во раната пролет таквата билка се подмладува, а ваков тип на третман можете да изведете и врз вашиот омилен фикус.
Подмладувањето, всушност, значи од горниот дел од билката да произведете нова и тоа така што на средината ќе направите специјален рез. За место на резот можете да изберете дел од стеблото кој не е потенок од молив, но не е ни подебел од човеков прст. Направете мал рез во вид на јазиче и одозгора во „раната“ ставете зрно пченица за истата да не се затвори.
Околу резот замотајте влажна мов и унакрсно замојате го целото место на „операција“, а потоа залепете тенка проѕирна фолија која инаку ја користиме во кујната. Фолијата зацврстете ја од горната и долната страна. За околу три до четири седмици на тој оштетен дел од стеблото ќе се појави корен, но бидете трпеливи и чекајте додека билката добро не зарасне.
Потоа внимателно отсечете ја со новиот корен и засадете ја вообичаен начин, со тоа што би било добро фикусот да го прекривате со тенка проѕирна пластика некое време и да ја подигнувате на само неколку минути.