Совети како да заштедите по празниците

Божиќните подароци и празничните забави ви го испразнија паричникот па сега не знаете како ќе преживеете до следната плата. Експертите велат дека јануари е најдепресивен месец во годината оти луѓето се “будат“ од празничната еуфорија и сфаќаат колку пари потрошиле. Ова се правилата како да заштедите во јануари:

 

1.Намали ги дружбите на кафе и вечерните излегувања

Најчесто најмногу пари трошиме токму на ситниците, а тука се вбројуваат кафе со пријателите, пијачки во ноќните клубови, цигари и слично. Овој месец намалете ги излегувањата, частењето во слаткарници и слично. Со пријателите може да заминете на прошетка или да организирате дружење дома. А уште подобро би било кога би поминале малку време со самите себе, правејќи работи кои ве прават среќни и ве исполнуваат со енергија.

 

2.Прескокни ги попустите

Верувале или не – може да се живее и без попустите и купот алишта кои и онака ќе ги облечете само неколку пати. Ако нешто навистина ви треба купете го, но што повеќе избегнувајте ги бутиците со натписи SALE на излозите.

 

3.Сами подготвувајте си ги оброците

Со оглед на тоа дека повеќе време ќе поминувате дома, издвојте време за комбинирање и подготовка на вашите оброци кои можете да ги носите на работа или на факултет.Нема да ви заблагодари само вашата фигура, туку и вашиот паричник.

 

4.Намали ги разговорите на мобилен

Ако имате опсесивна потреба постојано да разговарате или да испраќате пораки од мобилен, запрете се! Поканете ги пријателите на прошетка или важните новости пренесете им ги на Facebook и запамти – никој и онака не сака да слуша што сте правеле секоја секунда во денот.

 

5.Симни од Интернет видео со вежби

Најчесто сите се зачленуваат во теретана во јануари за да почнат со своите новогодишни одлуки, но ретки се оние кои во неа навистина редовно одат. Наместо плаќањето членарина, на Интернет најдете некои супер вежби како оние на Трејси Андерсон и вежбајте дома бесплатно. Голема е веројатноста дека во удобноста на вашиот дом ќе вежбате почесто.

 

6.Остави ја картичката дома

Кога имате картичка се чувствувате посигурно во продавница, па во корпата ставате се’ што ви е на дофат. Во јануари оставете ја картичката дома и плаќајте само во кеш. Најмногу пари ќе заштедите така.

 

 

- Реклама -