Совети до мојата ќерка

Дете мое, 

Веројатно веќе илјадници пати си го слушнала сето ова кажано поинаку. Сепак, направив листа со работите за твојот живот, кои сакам да ги споделам.

1. Семејството не се оние луѓе со кои имаш крвна врска. Тоа се оние кои те сакаат и кои се грижат за тебе безусловно.

2. Полот нема ништо заедничко со биологијата, ниту пак има прирачник за тоа. Биди она што си. Сакај го она што сакаш. Прави го она што сакаш да го правиш.

3. На прво место сакај се себе. Ако поради некоја причина не го правиш тоа, а јас те излудувам, зборувај со својот татко. Тој ме видел во најужасните мои изданија и сè уште е со мене.

majka

4. Секој има свои недостатоци. Никој не е совршен. Дури и твоите родители. Затоа татко ти ќе те научи да возиш, а јас – да спортуваш.

5. Проценките на училиште не ја покажуваат твојата вистинска интелигенција.

6. Не е задолжително да носиш фустан и потпетици за да бидеш шик.

7. Ако ти се допаѓа, носи потпетици, без разлика колку си висока.

8. Пробај како ти стои црвен кармин, независно од тоа што ти велат другите.

9. Живеј ги своите соништа. Не дозволувај никому да ти кажува дека не чинат.

10. Ќе разговараме за сексот. Многу пати. Те молам само слушај ме, не се срами. Имам направено безброј грешки, сакам да научиш од нив.

il_fullxfull.188967384

11. Прави и свои грешки. Обидите и грешките се неизбежни.

12. Никој нема право да те допира без твоја дозвола. Независно од тоа дали се гледате или сте во брак. Секогаш мора да ја добие твојата согласност.

13. Ако некој се осмели да те допре несоодветно, удри го. Ја имаш мојата дозвола.

14. Бременоста не е најлошото нешто што може да се случи. Најбезбеден секс е секогаш најдобриот секс.

15. Ако додека играш некој те гледа, покани го да ти се приклучи. Не се плаши да го направиш првиот чекор.

16. Бројот на луѓето со кои спиеш, не е мерило за тоа колку си реномирана.

IMG_7246

17. Нема ништо срамно во тоа да ја чекаш љубовта, без разлика на која возраст си.

18. Никогаш не трчај по некој кој не те сака. Не можеш да го принудиш да биде со тебе.

19. Некој ќе ти го скрши срцето. Тоа сепак, не значи дека ќе биде скршено засекогаш.

20. Луѓето ќе те разочараат.

21. На првата средба кажи што сакаш и што очекуваш.

22. Идејата на спортувањето е да бидеш здрав. Прави го почесто.

23. Научи се сама да си подготвуваш торта кога си тажна, мене можеби ќе ме нема.

tumblr_lsb3t3i4M91r1j7jvo1_1280

24. Барем еднаш зготви нешто од нула. Дури и да немаш идеја што,  за почеток “одвој ги жолчките од јајцето”

25. Нема ништо срамота во тоа само ти да не пиеш алкохол. Не треба да пиеш секој пат кога ќе бидеш излезена со пријателите.

26. Пиј го она што го сакаш, без да даваш објаснувања за изборот.

27. Не е задолжително да заминеш на универзитет штом ќе завршиш гимназија. Почекај една година, сортирај ги приоритетите. Пробај од вистинскиот живот.

28. Не е потребно и да бидеш 100% сигурна што сакаш да правиш со својот живот, кога одиш на универзитетот. Тогаш е време за да го разбереш тоа.

39. Дозволено е да ти се допаѓаат стрипови и видео игри, тоа не те прави помалку женствена.

20150110-IMG_9486(pp_w948_h631)

40. Читај. Многу. Без разлика на жанрот.

41. Организирај до последен детал еден настан, дури и само еднаш во твојот живот.

42. Кога го кажуваш своето мислење, имај причина за тоа. „Онака“ – не е добар аргумент.

43. Не се советувај со интернет по медицински прашања.

44. Научи да ја менуваш гумата на колата.

45. Ако на твоите пријатели не им се допаѓа човекот со кого што се гледаш, можеби има нешто што ти не го забележуваш. Не ги отфрлај веднаш сомнежите. Отстапи, размисли и самата донеси си заклучок. Ако сметаш дека нешто не е во ред, значи најверојатно не е.

46. И последно, но не и помалку важно, можеш да ми кажеш сè. Дури и да немам искуство во тоа за што ми зборуваш, ќе те слушам внимателно и ќе размислам за да не изреагирам избрзано. Ти си ми дете. Тоа значи дека од минутата во која си се појавила во мојот живот, моја должност е да те водам додека не застанеш сама на патот. Ги имаш мојата безусловна љубов и поддршка.

- Реклама -