Составот на водата влијае на коските

Научниците ги земале во предвид и факторите кои најчесто влијаат на коските како пушењето, телесната маса и висина, исхраната и физичката активност, но не ја воочиле нивната поврзаност со ризикот од фрактура.

Сепак, студија спроведена на 700.000 мажи и жени во текот на седум години, испитувала во која мерка составот на водата за пиење е повзана со ризикот од фрактура на колковите.

Изненадувачките резултати покажале дека водата со намален удел на магнезиум, е присутна во одредени делови на Норвешка, и навистина може д влијае на квалитетот на коските.

Покрај тоа што калциумот е најважен минерал за зацврстување на коските, резултатите не докажале негово заштитно влијание во овој случај, додека од друга страна, уделот на магнезиум во водата за пиење се покажал како клучен.

Авторите на студијата истакнуваат дека се потребни и понатамошни истражувања за да се открие точниот механизам на делување на минералите во водата и ризикот од фрактура, а до тогаш преглагаат збогатување на водата со магнезиум.

- Реклама -