Ерцег работи за агенцијата на ЛИАН Спортс груп, која е во сопственост на големиот агент Фали Рамадани. Тој во Милано оди како претставник на Анте Ребиќ и со челниците на Милан ќе зборува за иднината на фудбалерот.
Ребиќ има една од најголемите плати во Милан, 3,5 милиони евра годишно, но неговата игра оди од лошо на полошо. Сепак росонерите не планираат да го продадат, ќе се обидат да му помогнат да ја крене формата.