Ова е време во кое сите треба да ја покажат својата човечност и добродушност.
Соседи ѝ приредија емотивно изненадување на бабичка во Мадрид за нејзиниот 80. роденден. Бидејќи мора да бидат изолирани поради коронавирусот, тие ѝ поставија торта со свеќа пред вратата, а потоа ја повикаа да излезе.
Кога започнаа да ѝ пеат „Среќен роденден“, емотивната старица не можеше да си ги задржи солзите.