Старлетата Сораја Вучелиќ, неодамна отиде на Малдивите каде ужива во маѓијата на морето и сонцето но и ја користи приликата за работни потфати и промоции.
Откако неодамна ги израдувала своите фанови со фотографи од ноќно бањање и играње со рибите, Сораја последниот ден од седмицата решила да го помине во релаксирање, со масажа по која жителите на Малдивите се познати.
За да биде во нејзин стил, старлетата се соблекла, покажувајќи ги своите бујни пропорции, се сликала и ги објавила фотографиите на својот Инстаграм профил.