Сопственик на слаткарница во Милано користи вештачка интелигенција за да создаде нови вкусови на сладолед


Традиционалните производители на сладолед во Милано се свртуваат кон вештачката интелигенција за да создадат нови рецепти, потпирајќи се на модерната технологија за да добијат нови вкусови на замрзнатото слатко задоволство.

Иако сè уште користат традиционални методи, италијанските производители на сладолед се потпираат на ChatGPT и други алатки за вештачка интелигенција за да дојдат до иновативни нови рецепти, пишува The Times.

Шеесет итригодишниот Џанфранко Сампо, сопственик на слаткарницата „Terra“ во Милано и еден од водечките италијански производители на сладолед, внесол во софтверот на ChatGPT рецепти и веб-страници на производителите на сладолед коишто ги цени, по што вештачката интелигенција му понудила предлози за нови вкусови.

Врз основа на овие предлози, Сампо развил иновативни вкусови како што е сладолед од бела чоколада со карамелизиран црн бибер.

„Никогаш не размислував да ги комбинирам овие состојки“, изјави Сампо за The Times.

Оттогаш, тој ги додал рецептите на вештачката интелигенција на својот сорбет и сладоледите, вклучително и сладоледот од цимет со бадеми и коцки круша динстани во просеко.

- Реклама -